Постои еден мал човек...

Едни мали очи гледаат во тебе,
те набљудуваат и преку ден и преку ноќ.
Постојат мали уши кои итро го
пресретнуваат секој збор кој ќе го изговориш.
Постојат мали раце кои се нестрпливи
да го прават истото што го правиш и ти.
И едно мало дете кое сонува за денот
кога ќе биде како тебе.
Ти си идол на тој мал човек.
Ти си најмудриот меѓу најмудрите.
Во тој мал ум, нема ни сомнеж во тебе.
Предано верува во тебе,
држи се до сѐ што ќе кажеш и направиш.
Ќе зборува и делува како тебе,
за кога ќе порасне, да биде како тебе.
Постои еден мал човек со раширени очи
кој верува дека секогаш си во право.
И неговите очи секогаш се отворени,
те набљудува и преку ден и навечер.
Ти секој ден, во секој момент,
му даваш пример на тоа мало дете
кое чека да порасне и да биде како тебе.