Постоечките руски вакцини ефикасни и против сојот омикрон, тврдат од Гамалеја

Шефот на истражувачкиот центар Гамалеја, каде беше развиена вакцината Спутник В, тврди дека постоечките вакцини се ефикасни и против тешка клиничка слика предизвикана од сојот омикрон. 

Владимир Гушчин за ТВ Русија 24 изјавил дека со сигурност тврди дека овие вакцини ќе бидат ефикасни и во случаи на омикрон, исто како што биле со сите претходни. Поконкретни информации би добиле откако доволно ќе се истражи овој сој, па би се знаело дали ќе биде потребно прилагодување на формулата, за повисоко ниво на заштита. 

Според институтот Гамалеја, секоја вакцина има одредена ефикасност против вируси од групата корона и дека заштитната улога се намалува, но не исчезнува со појавата на мутации. Сепак, експерименталните истражувања ќе дадат поконкретни информации, а дотогаш ќе се потпираме на теоретските сознанија.