Поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација на улицата „Прашка“, во Тафталиџе

Во тек е поставувањето на новата хоризонтална и вертикална сигнализација на ул. „Прашка“, во Тафталиџе 1.

Оваа улица ќе биде еднонасочна, со ЗОНА 30 (дозволена брзина на возење до 30 км/час), со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Дополнително, ќе се постават нови платформи за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“) пред воспитно - образовните установи во овој дел од Карпош (ООУ „Јан Амос  Коменски“ и „НОВА“).

Новото сообраќајно решение е донација од Интернационалното училиште „НОВА“.