Поставување на надворешна изолација во подрумските простории на ООУ ,,Ѓорче Петров”

Општината го решава проблемот со прокиснување на кујната и трпезаријата во основното училиште Ѓорче Петров. Со поставувањето на надворешна изолација на темелите, се заштитува подрумот кој при секој поголем дожд страдаше од поплави.

Трпезаријата и кујната е во функција повеќе од 7 години а неа ја користат децата од целодневниот престој.

За овој градежен зафат општината одвои околу 300 000 денари.