Постави метални столпчиња долж тротоарот кај Кинотека на Македонија

Заради зголемување на безбедноста на пешаците , Општина Карпош постави метални столпчиња со кои се заштитува просторот долж тротоарот кај Кинотека на Македонија.

Поставувањето на 41 столпче, на ул.Никола Русински во населбата Карпош 3, во должина од околу 90 метри, е проект финансиран од буџетот на локалната самоуправа.


Покрај тоа, тука, најчесто недозволено се паркираат автомобили, со што, беа во опасност пешаците кои се движат по патеката, односно кои поради паркираните возила мораа да одат по коловозот.