Поставени соодветни знаци за забрана за движење кај кејот во Аеродром

По укажување на Центарот за управување со крзи за потребата од јавно одбележување на забрана на забрана за движење на пешачката и велосипедската патека поради можноста од преплавување на водата надвор од речното корито на реката Вардар во Општина Аеродром заради изградба на мостот, изведувачот на проектот постапи веднаш во согласност со насоките и препораките на ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден на пеесетина метри од местото на извршување на градежните работи, поставени се високи лимени препреки на пешачката и велосипедската патека и долж линијата на градба, поставени се знаци за забрана и прекин на движење, како и видлива заштитна лента.