Поставени се нови корпи за отпадоци во Карпош 3

Поставени се нови корпи за отпадоци во ТЦ „Лептокарија“ во Карпош 3.

Општина Карпош започна со обнова на корпите, со цел да се создадат подобри услови за фрлање на отпадот и истиот да не завршува на јавните површини.

Апелираме до сите граѓани, правилно да ги користат корпите, да фрлаат ситен – џебен отпад.

Секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина.

Заедно за почист и поубав Карпош.