Поставени поинакви, креативни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош

Поставени се малку поинакви, креативни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош: „Војдан Чернодрински“, „Петар Поп Арсов“ (на двата влеза) и „Владо Тасевски“, а ќе продолжиме и пред другите воспитно - образовни установи.

Столпчињата ги предупредуваат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.