Поставени нови тоалети и едукативни табли во Зоолошка градина во Скопје

Во Зоолошка градина во Скопје денеска беа поставени нови тоалети на две локации. Покрај стандардните тоалети, има и тоалет за хендикепирани лица и просторија за пресоблекување на бебиња.

Се поставуваат и нови едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.

Во Зоолошка градина Скопје се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници што ќе се случи оваа сабота, со почеток од 11:30. На настанот „За европска Зоолошка“ ќе настапат децата од  „Златно славејче“ и детската атракција Пет+ бенд.

- Апелираме до сите посетители да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов, се вели во соопштението од Зоолошка градина Скопје.