Поставени нови паркинзи за велосипеди и тротинети низ општина Центар

Поставивме нови паркинзи за велосипеди и тротинети во Центар. Со ова, ја унапредуваме урбаната инфраструктура, се грижиме за безбедноста на велосипедистите и поттикнуваме одржлив транспорт, информираше денеска преку социјалните мрежи градоначалникот Горан Герасимовски.

„Досега доделивме над 584 субвенции за велосипеди, поттикнувајќи поздрави навики и подигнувајќи ја еко-свеста кај нашите сограѓани. Нашиот Центар го правиме попријатно и пофункционално место за живеење“, додаде тој во објавата.