Поставени нови контејнери за рециклирање отпад во сите основни училишта и градинки во Ѓорче

Еколошка револуција во Ѓорче Петров, се поставува нов стандард во рециклирањето, соопшти првиот човек на општината Александар Стојкоски. 

- Воспитуваме нови генерации млади екохерои. Поставивме нови контејнери за рециклирање отпад во сите основни училишта и градинки. Нашата цел е да ги учиме децата од најрана возраст за важноста од правилната селекција на отпад и за грижата за нашата животна средина. Со оваа иницијатива, верувам дека заедно ќе изградиме посветла и поздрава иднина, сподели градоначаликот и додава: 

- Грижата за животната средина започнува од најмладите. Уверен сум дека со заеднички напори не чека посветла и поздрава иднина за нашата заедница.  Нека нашите најмлади станат амбасадори на екологијата во нашето Ѓорче.