
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека се поставуваат нови контејнери на повеќе локации низ општината, со цел почиста, поуредна и поздрава животна средина за сите граѓани.
„Се зголемува бројот и просторот каде што нашите граѓани ќе можат да го одлагаат отпадот и да не се создаваат диви депонии“, нагласи Костовски.
Тој воедно истакна дека го слушаат гласот на граѓаните и ги решаваат проблемите и ја менуваат сликата на општина Бутел.