Поставени нови бетонски каналетки на булевар „АСНОМ“

Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје, деновиве асфалтираа пристапна површина од 550м2 од булевар АСНОМ кон сервисна уличка до хотел “Хилтон” во Општина Аеродром.

Санирана е и површината на постојаната сервисната улица во 1100м2, со вградена асфалтна маса, а поставени се и нови бетонски каналетки по должината на улицата што ја спроведуваат водата до сливниците.