Општина Илинден изврши набавка и поставување посебни контејнери за хартија, пластика и стакло, каде што граѓаните ќе можат да фрлаат селектиран отпад.

– Контејнери за селектиран отпад се поставени: во близина на Домот на култура “Илинден” во населба Илинден, на ул. “534” во село Марино, како и на влезот во село Кадино. Оваа акција ќе продолжи и во другите населени места со поставување на дополнителни контејнери за селектирање на отпадот, се со цел да се намалат количините на смет, зголемување на здравото еколошко опкружување како и заштита на животната средина – велат од општина Илинден.