Поставена нова заштитна ограда на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци

Во рамки на активностите за зголемување на безбедноста во сообраќајот во општина Илинден поставена е нова заштитна ограда на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци.

-Поставувањето на заштитната ограда е од големо значење бидејќи оваа локација е една од критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот, порачаа надлежните. 

Новата заштитна ограда на поставена на двете страни на мостот, со вкупна должина од 50 метри.

Дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот.