Поставена безбедносна ограда на мостот во Брњарци

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше на средба со жителите на населеното место Брњарци, а тие му посочиле дека еден од посериозните проблеми со безбедноста во сообраќајот во населеното место е недостатокот на ограда на мостот.

Овој мост секојдневно го користат сите граѓани на Брњарци и со ова е зголемена безбедноста во сообраќајот.

-Проблемите на граѓаните се детектираат, а потоа низ постапки се решаваат. Така започнавме, така работиме и така ќе продолжиме и во следниот период, информира Стефковски.