Поставен полупорталниот семафорски столб кај Соборен храм

Вчера екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, го поставија полупорталниот столб на семафорите кај Соборен храм, на крстосницата помеѓу булевар Свети Климент Охридски и булеварот Партизански Одреди.

Семафорскиот полупортален столб беше турнат од несовесен возач и сега е саниран и вратен во првобитната состојба.

Екипите одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници вршат контрола секојдневно и ги санираат сите дефекти на семафорите во градот.