
Општина Центар започна со поставување на паметен систем на 30 критични локации, кои континуирано ги следи бучавата и алармира кога е над дозволеното.
Од Општина Центар информираат дека досега се поставени 19 уреди во Дебар Маало, на Орце Николов, Мирослав Крлежа, Отон Жупанчиќ и Боемска 1 и 2.

Најавија дека следуваат нови локации: Ленинова, Капиштец, Буњаковец, Кеј 13 Ноември и Кале.
„Општина Центар продолжува да воведува современи решенија за помирен и поудобен живот на граѓаните, порачаа од Општината.