Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски “ во Хром

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска поставија камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски “ во населба Хром.

„Уште еден голем чекор за подобро образование, подобри услови и посилна иднина за нашите деца“, истакна Стојкоски во објавата на Фејсбук.

Со овој проект се обезбедуваат: 8 нови училници, 770 метри квадратни нов училишен простор, услови за едносменска настава, како и современа и поквалитетна средина за учениците и наставниците.

„Ова е трето училиште во Ѓорче Петров кое добива доградба во само еден месец. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на работа, план и силна посветеност. Инвестираме таму каде што најмногу вреди - во децата, во образованието и во иднината на Ѓорче Петров“, порача градоначалникот.