Постарата сестра е најважната личност во нашиот живот...

Да се има постара сестра е вистински благослов. Таа е твојата втора мајка и твоја најдобра другарка. Нејзината љубов кон тебе е безусловна. Иако понекогаш те критикува, секогаш ти е поддршка.

Таа те учи на многу животни лекции и ти дава најдобри совети, затоа што таа веќе поминала низ она со кое ти допрво треба да се соочиш. 

Секогаш е тука за тебе

Без оглед на тоа низ што минуваш, твојата сестра е секогаш покрај тебе. Кога си тажна, таа знае точно што треба да ти каже за да те развесели. Ако се караш со родителите, таа секогаш ќе те брани, дури и кога не си во право. Таа е единствената личност која те разбира и секогаш можеш да се потпреш на неа. Ти порасна пред нејзините очи. Таа секогаш била покрај тебе, покрај секој твој чекор. И секогаш ќе биде.

Таа е твојата најголема поддржувачка!

Растењето со постара сестра те обликува во независно и амбициозно човечко суштество. Дури и кога не го забележуваш тоа, таа ти помага да бидеш личност каква што секогаш си сакала да бидеш. Никој нема да те поддржува како твојата постара сестра. Таа секогаш ќе те охрабрува да ги следиш твоите најлуди соништа и ќе ти помогне да ги постигнеш твоите цели. Таа верува во тебе повеќе отколку што верува во себе.

Таа те сака без оглед на сѐ

Ако имаш постара сестра, никогаш нема да се чувствуваш осамено или несакано. Сестринската љубов е безусловна и несебична. Што и да правиш, знаеш дека секогаш можеш да ѝ се обратиш за совет или да побараш рамо за плачење. Твојата сестра е твојата најдобра пријателка која без оглед на сѐ ќе биде покрај тебе. 

Таа се грижи за тебе

Без оглед на тоа дали имаш температура или скршено срце, твојата постара сестра знае како да се грижи за тебе. Таа секогаш го има најдобриот лек за симнување на температурата и најделотворна терапија за лечење на скршено срце. Кога и да ти е потребен некој за муабет, таа е тука да се слушне што имаш да кажеш. Секогаш ќе бидеш нејзин приоритет. 

Таа е брутално искрена

Секому е потребен човек во животот кој искрено ќе го спушта на земја. Твојата сестра е твојот најдобар критичар. Никогаш не би те лажела, само за да подобро да се чувствуваш. Наместо да ја разубавува вистината, таа секогаш искрено ќе ти каже што мисли. А ти ќе ја послушаш затоа што знаеш дека е во право. Затоа што постарата сестра секогаш е во право. 

Таа секогаш разбира

Кога си со својата сестра, можеш да бидеш своја. Таа ги разбира твоите будалести шеги и ја знае секоја гримаса на твоето лице. Нема потреба за преправање, затоа што таа може да погоди што те мачи само гледајќи во твоите очи. Таа гледа што има зад твојата насмевка и знае дали насмевката е искрена или крие нешто. 

Ако имате постара сестра, вие сте неверојатни среќници. Секојпат кога ќе имате проблем или се случи нешто возбудливо, вашата сестра е првата личност на која сакате да ѝ кажете за тоа. Вашата сестра за вас ќе оди низ оган ако треба. Толку многу ве сака. Дури и кога се карате и кога ве нервира, знаете дека и вие ја сакате безусловно.