Постапалки - колачиња за првите чекорчиња

 

Состојки:

1 кг брашно

250 мл млеко

1 квасец

150 гр зејтин

100 гр шеќер

1 паковка ванила

2 јајца

100 гр вода по потреба..околу 100 мл, зависи какво е брашното дали е меко и дали се расплеснува

1 јајце за премачкување

 Подготовка: 

За почеток во садот со брашното го додавате претходно стасаниот квасец и јајцата. Потоа ги додавате шеќерот, млекото и маслото, и месите. Ако тестото ви е тврдо  додавате  вода по потреба. Убаво обработено, тестото го оставате да одмори. Кога ќе се подкрене во садот, значи дека е готово за работа.

Го делите на  два дела, за полесна работа иако не мора. Растегнувате кора со сукало со дебелина од еден прст и со модлата во вид на ноженце го сечете. Така подготвени за печење, ножињата ги редите во подмачкан плех. Печете на 200 степени.