Пост-ковид симптом кој го има секој трет кој прележал ковид-19

Покрај стандардните симптоми, како што се гребење и сувост во грлото, повремено течење на носот, покачена телесна температура и општа слабост во организмот, уште еден симптом се поврзува со ковид-19, особено по прележување на омикрон. 

Субјективното чувство на „замагленост“ во главата, резултира и со збунетост, конфузија, деконцентрација, кои се чести симптоми после хроничен замор, мигрени, луѓе кои се под потешка терапија за тешки болести, а со новите сознанија и после ковид-19. 

Дури и СЗО го препозна и го дефинираше постковид синдромот, кој е продолжение на симптомите по прележување на болеста. Покрај збунетоста и мозочната магла, може да се случат и други симптоми како лошо расположение и постојан замор. Доброто е тоа што сите овие симптоми се минливи, но сепак, може да траат и до шест месеци. 

Ваквите симптоми може да се појават дури и ако асимптоматски сте ја прележале болеста.