Посни парени црно бели колачи

Потребно е :

3 филџани гриз
1 квасец
3 филџани зејтин
3 филџани вода
1 ванила
1 пециво
2 лажици какао
брашно по потреба

За шербет потребно е:

700 гр шеќер
700 гр вода
1 ванила и
сок од 1 лимон

Од првите состојките се меси тесто. По потреба се додава брашно додека не се добие убаво тесто за работа. Се дели тестото на два дела и во едната половина се додава какаото. Се меси додека не се добие една хомогена смеса.Се рсукува кора во правоаголен облик и од белото и од црното тесто. Се ставаат едно врз друго и се витка во ролат. Се сечат кругови и се печат легнати во тавче на 130-150 степени додека не заруменат.Се покриваат за подобро да го впијат шербетот

Добар апетит !