Направете супер вкусни и брзи лепињи кои се идеални за постот. 

СОСТОЈКИ:

500 гр. брашно 

4 дл. млака вода 

20 гр. квасец 

1 лажиче сол

1 лажиче шеќер 

5 лажици маслиново масло 

100 гр. маслинки 

5 чешни лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во чинија за мешање се дроби квасецот со малку вода, па се додаваат брашното, сол, шеќер, масло и водата, па се соединува се со жица и се остава 30 минути. 

Ќе добиете едно поретко тесто. 

Маслинките додека нараснува тестото ситно исечете ги. Можат да бидат и црни и од оние со пиперка, по вкус, а исто така исчистете го и лукот и иситнете го. 

Тестото ставете го на набрашнета работна површина, развлечете го со рацете, ставете маслинки и лук, па премесете го. 

Поделете го на пет делови за пет вкусни лепињи. 

Ставете хартија за печење на плех и наредете ги лепињите. 

Нека одморат вака 15 минути па печете на 220 степени 20 минути додека не поруменат убаво. 

Уживајте!