Посни колачиња со мармалад

Состојки:

Брашно (700 Грама)

Посен маргарин (1 )

Масло (3 мали филџани )

Газирана вода (5 Супени лажици)

Шеќер во прав (6 Супени лажици)

Мармалад од сливи

Пдоготовка:

Маргаринот се мати со шеќерот во прав. Откако ќе се добие пенаста хомогена смеса, се додаваат маслото и газираната вода. Се додава и брашното и се замесува тесто.

Од тестото се прават топчиња, се измазнуваат во раката, па во средината им се прави мало дупче.

Во секое дупче се става по малку мармалад, вкусот го избирате по желба, но најдобри се киселкастите мармалади како на пример од мармалад од кајсии, модри сливи или од малини.

Колачињата се редат во подмачкана тепсија со мало растојание меѓу секое, потоа се печат на 180°C.

Колачињата се печат додека да се испечат, но се внимава да останат бели. Уште повкусни се ако отстојат ден-два пред послужување затоа што стануваат помеки.