Руската салата е царица на секоја прослава, а од сега омилената салата ќе ја служите и на посните слави.
Состојки:
400 гр компир
400 гр морков
½ конзерва грашок
200 гр растителен кашкавал
неколку кисели краставички
200 гр шампињони
300 мл посен мајонез
Подготовка:
Компирите се мијат, лупат и варат, а истото се прави и со морковите.
Грашокот се цеди, па се става со варениот компир, морков, печурките и кашкавалот и киселите краставички во сад.
Се става сол и се меша, па се става дел од мајонезот и се остава салатата дваесетина минути во ладилник, па пред сервирање се додава остатокот и убаво се промешува.