
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 26-годишниот Р.Р. од кичевското село Зајас поради сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.
„На 02.10.2026 во угостителски објект каде работел, пријавениот послужил со алкохолен пијалок малолетник од Дебар, по што, поради влошена здравствена состојба бил префрлен во Општата болница во Дебар“, информираат од МВР.
Против 26-годишникот е поднесена кривична пријава по член 204 од Кривичниот законик.