Последното писмо за внуците кое го воодушеви целиот свет!

Њујоршкиот писател Џејмс К. Фланаган, кратко пред својата смрт напишал едно прекрасно и емотивно писмо за своите внуци, со цел да им пренесе што научил од својот живот.

Фланаган умрел кратко по пишување на писмото, а неговата ќерка го покажала на јавноста. Писмото ги воодушевило сите кои го прочитале.

Драги Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Кетрин,

Мојата мудра и зборлеста ќерка Рејчел ме натера да запишам неколку совети за вас, важни совети кои сум ги научил во животот.

Го почнувам ова писмо на 8 август 2012 година, точно на мојот 72 роденден.

1. Секој од вас е Божји дар за вашето семејство и целиот свет. Секогаш памтете го тоа, особено кога во вашиот живот ќе завеат ладни ветрови на сомнежи и обесхрабрување.
2. Не се плашете од ништо и никого што ви стои на патот за да го живеете животот со полни гради. Следите ги своите надежи и соништа без оглед на тоа колку се тешки колку поинакви изгледаат на другите. Луѓето често не го прават тоа што го сакаат или тоа што би требале да го прават затоа што постојано размислуваат за тоа што ќе мислат и зборат другите. И запаметете уште една важна работа: луѓето кои не ви носат супа кога сте болни или ако не се покрај вас кога сте во неволја – не се важни! Избегнувајте песимисти кои ги слушаат вашите соништа и се трудат да ве обесхрабрат. Направете го тоа! Најлоша работа во животот е да погледнете позади себе и да кажете: „Можев, сакав, требав!“ Ризикувајте и грешете.
3. Сите ние сме само обични луѓе. Некои носат прескапа облека или имаат големи титули и моќ и сакаат да ве држат во уверувањето дека се над другите. Не им верувајте. Тие ги имаат истите сомнежи, стравови и надежи, јадат, пијат, спијат и прдат, како и сите ние. Секогаш предизвикувајте ги авторитетите, но бидете внимателни како ќе го правите тоа.
4. Направите попис на работите кои сакате да ги направите. Патувајте, научете некоја вештина или јазик, запознајте некои посебни луѓе. Листата нека биде долга и секоја година правете нешто. Не го одложувајте тоа за утре, затоа што тоа е најсигурниот начин тоа да не го направите. Не постои утре, не постои право време, постои само сега.
5. Не ја заборавајте старата ирска поговорка: „Фалете ги децата и тие ќе цветаат.“
6. Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето, особено на послабите, оние кои се уплашени и децата. Сите тие носат некоја своја тага и им е потребно нашето сочувство.
7. Не се придружувајте на војска или која било друга организација која ве тренира да убивате. Војната е зло. Сите војни ги започнале  стари луѓе кои натерале или измамиле млади мажи да мразат и убиваат. Старците преживуваат и баш како што ја започнале војната со пенкало и хартија, на ист начин и ја завшуваат. Ако војните беа племенети, како тоа не ги водат лидерите кои ги започнале?
8. Читајте книги колку што е можно повеќе. Тие се прекрасен извор на уживање, мудрости и инспирација. Не им се потребни батерии и кабли и секаде можат да одат со вас.
9. Бидете искрени.
10. Патувајте: секогаш, а особено кога сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или кога коцките ќе се склопат. Тоа никогаш не се случува. Денес извадете си пасош.
11. Изберете професија која ќе ја сакате. Секако, ќе има тешки моменти, но работата мора да ви биде уживање. Не работете работи само заради пари, ќе ви ја осакатат душата.
12. Не викајте. Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и другите. Секојпат кога викав, доживував неуспех.
13. Секогаш исполнувајте ги ветувањата кои сте им ги дале на децата. Не велете: „Ќе видиме“ кога сакате да кажете: „Не“. Децата очекуваат вистина, дајте им ја со љубов и добрина.
14. Никогаш не кажувајте некому дека го сакате ако не го мислите тоа.
15. Живеете во склад со природата: излезете на свеж воздух, одете во шума, во планина, на море, во пустина. Тоа е важно за вашата душа.
16. Посетете ја Ирска. Таму е родена душата на вашето семејство. Посетете го западот: Роскомон, Клер и Кери.
17. Гушкајте ги луѓето кои ги сакате. Кажете им колку ви значат, не чекајте да биде предоцна.“
18. Бидете благодарни. Стара ирска поговорка вели: „Ова е ден од нашите животи и никогаш нема да се повтори.“ Секој ден живејте имајќи го тоа на ум.

Ова писмо нека ви го разубави денот и споделете го со вашите блиски!