Последно испраќање на Аки, во четврток во Загреб

Легендарниот вокал на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, ќе биде погребан во Загреб, во четврток, со семејството и пријателите.

Тој ќе биде закопан во Алејата на великаните на загребските гробишта Мирогој. Веста за последното испраќање е објавена на официјалните профили на бендот. 

„Со оглед на сегашните епидемиолошки мерки, ги замолуваме сите кои го сакаа Аки и сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25 јануари кај Бунарот на животот, пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде што ќе може да се донесе цвеќе и да се запалат свеќи“, напишале тие.

Аки Рахимовски почина на 22 јануари во Ново Место, Словенија.