Последната недела од распустот голема забава во Аеродором

Последната недела од распуст Општина Аеродром ги кани скопјани на урбаниот настан BACK 2 SCHOOL WEEK, или во превод недела за враќање во училиште. Почнува на 24 август со настапот на ДНК во паркот Јане Сандански, а ќе трае до 1 септември на повеќе локации низ општината.
Следните денови распсоредот е:
– на 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;
– на 26 август (понеделник) во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;
– на 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;
– на 28 август (среда) во истиот парк ќе танцуваме во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5;
– истата локација ќе биде место за луда забава и на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;
– и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.
Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.
Оваа агенда ќе ја круниса светски познатиот диџеј Пол ван Дајк, кај популарното „авионче“. На 1-ви септември во паркот Бановина во 18 часот ќе се заврши манифестацијата со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.