Последна седмица од гласањето за најуспешен Градоначалник во Скопје

Наближува крајот на гласањето за избор на најуспешен градоначалник во Скопје, а со тоа се зголемува неизвесноста помеѓу градоначалниците кои се дел од анкетата. Неизвесност има на врвот, но и на днотото од листата.

На врвот сеуште изедначена битка помеѓу градоначaлникот на Кисела Вода и Центар, двајцата со 39% од гласовите сеуште го делат првото место. Втор, според бројот на гласовите од публиката во моментов е Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош.

Граѓаните коментираат дека оваа година треба да се избере и најлошиот градоначалник. Резултатите од анкетата покажуваат дека тие се во право. Со помалку од илјада гласови на дното од листата се наоѓаат градоначалникици на: Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир и Шуто Оризари.

Анкетата завршува на 10-ти овој месец, потоа ќе бидат прогласени победниците.