Последен ретрограден Меркур за оваа година: Што им носи на хороскопските знаци?

Меркур се движи ретроградно 3-4 пати во годината, а ова е неговиот последен ретрограден пат.

Тој е планета на патувањата, комуникацијата и трговијата, па така кога тој е ретрограден, најголемо влијание имаат овие области. Доаѓа до забавени планови, проблеми со патувањата, измешани сигнали и конфликти. Тој го почнува своето последно ретроградно движење на 13 октомври во знакот Шкорпија и ќе трае до 3 ноември, кога се префрлува во знакот Вага.

Шкорпијата е интензивен знак, која управува со тајните, скриените стравови и пороци кои ги криеме во себе. Ќе бидеме принудени да се соочиме со некои аспекти од нашиот карактер и нашите животи, а тој ќе донесе и некои скриени демони на површина. Моќта и контролата се исто така знак на Шкорпијата, така што можеби ќе се соочиме со силна потреба за контрола. Можно е и да се свртиме кон огромна промена во вашиот живот и со брз интензитет да смениме некои работи кои не ни носат ништо добро.

Што им носи овој ретрограден Меркур на хороскопските знаци?

Овен

Овој Меркур во своето ретроградно движење носи трансформација која може да биде или позитивна или негативна. Тоа е нешто што сепак ќе решите да го скриете од другите и што ќе ви донесе голема нервоза бидејќи не знаете каков ќе биде крајниот исход. Соочувањето со вистината ќе ви донесе храброст да го направите тоа, а тоа носи и силна самодоверба. Најдете ги оние аспекти од вашиот живот кои не функционираат добро и поработете на тоа.

Бик

За вас, овој ретрограден Меркур носи измешани поради и силна иритација. Можна е тензија со вашите блиски, но потрудете се да не ги избегнувате важните разговори, туку да иницирате искрен разговор. Вие ја сакате вистината, а ова е време да дојдете до неа. 

Близнаци

Животот ве носи кон серија неочекувани, природни и спонтани промени. Вие сакате да дадете отпор, но ова не е период да го правите тоа. Што и да се случи за време на овој ретрограден Меркур, пуштете ги работите да се одвиваат по својот тек и знајте дека сè ќе биде во ред на крајот. Ова е само градење, односно обновување на некои работи, а тоа ви е потребно одамна.

Рак

Вие сте еден од најтаинствените знаци, па ова е период кога можеби ќе се соочите со своите внатрешни стравови и демони. Ова е период кога ќе решите да се соочите со своите стравови и да бидете искрени кон другите. Ќе се чувствувате како да ја губите својата сила, но тоа ќе ви помогне да ги разберете работите подобро.

Лав

Не дозволувајте работите да си одат сами по себе, бидејќи можеби ќе се најдете во црна дупка во која нема да ви биде пријатно за време на овој ретрограден Меркур. Најголемиот проблем кој го имате сега е недостатокот на комуникација и тоа само создава повеќе проблеми во вашиот живот. 

Девица

Овој ретрограден Меркур ќе ви донесе можност некого да видите во нивното вистинско светло. Нема да ви биде лесно да ја разберете таа личност на почеток, но со тек на време ќе бидете благодарни што тоа се случило.

Вага

Ова е период кога ќе се вратите на некоја личност од минатото, а ретроградниот Меркур ќе ви помогне да откриете нешто за себе. Ќе ви биде чудно од каде доаѓа сета таа мотивација и сила, но тоа е моќта на Меркур и Шкорпијата со него. Време е за будење.

Шкорпија

За Шкорпиите најважно е да го издржите овој ретрограден Меркур, без драстични и интензивни промени. Можни се многу луди идеи и опции во вашиот таинствен ум. Пуштете ги мислите да лебдат, не морате ништо да контролирате. Не дејствувајте на секоја ваша мисла и идеа. Смирете ги емоциите.

Стрелец

Вие минувате низ голема трансформација овој период. Многу настани ве очекуваат, а ќе се чувствувате како сето тоа да е нормално и како дел од некој природен циклус. Пуштете ги работите да се случат сами по себе. Доаѓа ново поглавје во вашиот живот.

Јарец

За Јарците доаѓа хаос, грешки, проблеми во комуникацијата -  сето ова е како кошмар за практичните и организирани Јарци. Можеби најдобро е да ги откажете сите состаноци, да се тргнете од луѓето и да уживате во тишината. 

Водолија

Луѓето ќе ви одат на нерви за време на овој ретрограден Меркур. Можеби ви е потребно време настрана од вашиот вообичаен круг бидејќи луѓето ќе бидат свртени кон барања, проблеми во комуникацијата и озборувања. Не дозволувајте да западнете во драма и на погрешната страна на нештата.

Риби

За вас доаѓа јаснотија овој ретрограден Меркур. Ќе се чувствувате позитивно и успехот ќе биде евидентен за вас. Не го губете фокусот. Осигурајте се дека го правите најдоброто за себе.