Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по повод својот роденден.
Груби си сподели роденденски честитки од негови блиски пријатели и роднини.
Груби на 15 декември 2024 година замина во, како што тогаш рече, „приватна посета“, но неговото отсуство подоцна доби карактер на бегство по што од страна на Министерството за внатрешни работи е ставен на „меѓународна потерница.