Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека се работи на улицата 1438 во Пинтија со површина од 2000m2. Тој посочи дека оваа улица повеќе од пет децении не била предмет на интерес од претходните градоначалници.
„Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро, а до крајот на мојот мандат нема да има ниту една неасфалтирана улица. Продолжуваме во сите урбани и местни заедници“, напиша Ѓорѓиевски.