После цела година и 4 операции, дете излегува како најголем победник во својата борба

Секогаш е добро кога ќе слушнеме добра вест во овие тешки и неизвесни времиња. 

Докторот Владимир Чадиковски на Твитер објави прекрасна вест за една успешна лекарска приказна, но уште поуспешна лична и семејна борба на едно дете. 

Според неговите зборови, дете, пациент со можеби најтешката срцева маана, кое за нешто повеќе од една година имало дури 4 операции на отворено срце, емоболизација на крвен сад, пејсмејкер, гастростома и трахеостома, конечно ја завршува целата голгота и е со своите родители. 

Докторот го нарекува дури и најголем борец во Македонија. Ова дете, целата ковид-криза ја поминало во борба за својот живот, без оглед на пандемијата наоколу.