ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ: Нокаут и Авалон се враќаат на исто место!

1998 година, СРЦ Кале беше местото на кое заедно со Авалон Продукција собравме армија фанови на нашиот прв концерт. Оваа година, на 27 октомври, Нокаут и Авалон се враќаат на истото место, од истата причина - голем концерт!

Честа е огромна.

Освен двата значајни јубилеи - 25 години Авалон и 20 години од првиот концерт на Нокаут, повод за концертот е и промоцијата на нашиот нов, четврти по ред албум.

Оваа песна, со наслов "Што бараш ти во моја песна", снимена заедно со маестро Игор Џамбазов нека биде тизер за она што ве очекува.

Нокаут и Авалон, заедно одиме понатаму!