После 11 години, Тоше се уште нема гробница каква што заслужува – ова е сликата од таму

Единаесет години откако Тоше не напушти. Еден од омилените пејачи на овие простори, кој живото го изгуби во страшна сообраќајна несреќа во Нова Градишка, на 26 години, кога живото беше пред него, како и прекрасна музичка кариера, но небото за него имаше други планови...

Тоше е погребан на градските гробишта во родното Крушево, кој и денеска почива на истото место во импровизирана гробница. Гробница која беше направена како привремено решене, која и денеска е покриена со тепих, налик на вештачка трева. Сликата која таму можете да ја видите навистина изгледа многу тажно. Бекатон плочките пропаѓаат и тонат, а попушта и импровизираната метална конструкција, која е покриена и заградена со пластика и најлон.

После смртта на Тоше, Собранието на Република Македонија во 2008 година, донесе одлука за градење на моморијален споменик. Рокот за изградбата беше две години и беше одобрен буџет за тоа, меѓутоа до денес тоа ветување не е исполнето и Тоше се уште почива во импровизирана гробница, која пропаѓа секоја година се повеќе и повеќе.

-Проблем настана кога тогашната Влада, веднаш после смртта на Тоше ни рече дека тие ќе земат се во свои раце, но се, се развлече. Неговите родители, сакаа тие самите да изградат гроб и споменик, но надлежните од Општина Крушево и од Владата, сепак рекоа дека тие ќе се погрижат за тоа. Минатата година, Македонија доби нова Влада, кои објавија дека од оваа пролет ќе започнат со градење на гробницата, но се уште нема ништо и од тоа. Родителите веќе имаат направено проект, надевајќи дека дека властите ќе го исполнат своето ветување, раскажува зетот на Тоше, Славен Ристески, за хрватскиот весник “Вечерњи”.

Тој додава дека и обожавателите и семејството и пријателите се лути што Тоше се уште нема гробница каква што заслужува.

Неговите обожаватели редовно го посетуваат гробот, одат во спомен куќата и во манастирот. Доаѓаат во неговата куќа и носат цвеќе, раскажува тој.