Послаб земјотрес во западниот дел на Македонија

Земјотрес денеска е регистриран во западна Македонија. Станува збор за земјотрес со јачина од 2.2 степени со епицентар на 18 километри од градот Гостивар, наведува Фактор. 

Потресот бил на длабочина од 5 километри. Лани и оваа година земјотерсите зачестија во западниот дел на државата. Се тресеа Дебар, Центар Жупа, Гостивар, Маврово. Во регионот, земјотреси денеска имаше во Србија, Албанија, Грција, Словенија.