Поскапување: Станбен квадрат во Скопје лани чинел 46.764 денари без ДДВ

Просечната цена на квадратен метар станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во Скопје, квадрат стан лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била 33.157 денари, што е зголемување за 3,6 проценти од претходната година.

Што се однесува на просечната цена на квадратен метар во второто полугодие од 2018 година, таа е намалена за 3,9 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто.

Наведените просечни цени се без данок на додадена вредност.

cheap nike free run 5.0