
Од 1 декември поскапува парното во просек за 5,9 проценти или сметките во просек би биле поскапи за околу 130 денари.
- Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
За најголем дел од граѓаните кои се снабдуваат со топлинска енергија преку ЕСМ дистрибуција, поскапувањето во просек е 5,9 проценти, додека кај граѓаните кои се греат преку ЕСМ Енергетика поскапувањето ќе биде 7,6 проценти, а за оние од Скопје север поскапувањето ќе биде околу 7,7 проценти.