Поскапе животот

Според објавените пдоатоци цените на мало во ноември годинава во однос на ноември лани се повисоки за 1,9 отсто, а во однос на октомври имаат пад од 0,5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14,3 отсто, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6 отсто, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,8 отсто, млекото за 0,6 отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, јогуртот за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,4 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,2 отсто, гасот за домаќинствата за 2,2 отсто, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,6 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, игрите, играчките и хобијата за еден отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0,9 отсто, информатичката опрема за 0,6 отсто, телефон и телефакс-опремата за 0,4 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2  отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 6 отсто, замрзнатото овошје за 2,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,6 отсто, сирењето и урдата за 0,9 отсто, другите прехранбени производи за 0,8 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4 отсто, месото, рибата и морските плодови за 0,3 отсто.

Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2,3 отсто, парамедицинските услуги за 2,1 отсто, обувките за еден отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,4 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,2 отсто.