Поскапа струја, повисока инфлација - Опозицијата бара предвремени избори

Најавеното ново покачување на цената за струјата додатно ќе ја ослабе и така урнисаната економија во државата, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Тие и денеска, преку соопштение, порачаа дека од наредниот месец, граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично покачување на електричната енергија.

-Новите сметки за електрична енергија ќе бидат повисоки за над 20%.Со зголемувањето на струјата очекувана е зголемена инфлација која ќе удри директно по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според нив, единственото решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори.