Посинокот на Есма Реџепова, Симеон Атанасов: Ниту ме привела полицијата за кражба,ниту сум тој што крадел

Многу голем прав се крена откако еден од 47 неофицијално посвоени синови на легендарната Есма Реџепова-Теодосиевска, според пишувањата на некои портали бил посочен, Симеон Атанасов и приведен од страната на полицијата под основно сомнение дека извршил грабеж во куќата на скопско Кале, а во која порано живеел со Есма, со своите деца и сопругата.

Но, за да ја слушнеме и неговата страна, весникот “Вечер” го контактираше овој познат музичар и еве го неговото објаснување:

-Доста молчев! Порталите трескаат глупости, ниту сум приведен, ниту сум бил во полицијата. Никаде не стои мое име, стои само дека синот на Есма имал клуч од полицијата. Па, јас ли сум тој единствениот син? Есма има уште многу други синови и ако ниту еден од нас никогаш не бил официјално признаен за син. Бевме сите нејзини деца. Па, како тогаш дојдоа порталите до тоа дека јас сум токму тој кој би ја крадел куќата на Есма? Нека се срамат тие што го посочиле моето име и тоа јавно го објавиле. Јас при чиста совест изјавувам дека ниту сум бил приведен во полицијата ниту сум тој што крадел. А, жално е и тоа што во оваа мачна ситуација порталите го пишуваат и името на девојката Елеонора Мустафовска која ја посочиле како мојата љубовница. Господ е голем па гледа. Каква љубовница, какви глупости се тоа, од каде им се доказите дека таа ми е љубовница? Елеонора беше кај нас во времето на Есма, за да учи да пее, а беше и вокалана солистка на бендот. Сега е дома откако Есма почина. Еј, која лудост би било тоа да доаѓа да краде со мене работи во вредност од десетина илјади евра. Тоа ли се пишува, измислува, ги прашувам јас тие таканаречени новинари? Овие дезинформации се многу штетни и по мојот семеен живот, бидејќи јас сум долги години во среќен брак со Беза Aтанасова и немам никакви љубовници. Вака само проблемите и се направени и на девојчето. И таа побудале од овие лаги кои ги објавија порталите…….