„Поштенски дом“ на Водно некогаш прекрасно место за одмор - денеска во очајна состојба и комплетно уништен

Некогаш прекрасен објект, полн со живот, денеска пропаѓа. Целосно уништен и во очајна состојба. Таква е за жал сликата од Поштенскиот дом на Водно. 

Некогаш беше најубавото место за одмор, за релаксација, со убав ресторан и прекрасна вегетација на Водно. Сега сликата од ден на ден е се потажна за гледање. 

Се што можело да се украде и што е вредно таму веќе го нема. Вратите се искршени, исто и прозорците. Инвертаор го нема или е уништено она што е останато. 

Поштенскиот дом претходно беше во сопстевност на Македонска пошта, но по поделбата меѓу ПТТ и Македонски телекомуникации, тој припаднал на Телеком, а сега има нов сопственик, кој вели дека нема планови за во иднина со овој објект, што значи дека истот ќе продолжува да пропаѓа. 

Фото: Вечер