Посетете го: Мистичниот манастир Св. Никола Шишевски близу Матка

Манастирот Свети Никола Шишевски, е сместен високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над вештачкото езеро Матка над реката Треска.

Теренот е недостапен за моторни возила и планински велосипеди и е единствено достапен пеш од три правци: од мостот на реката Треска во близина на кајакарските терени кај манастирот Света Богородица вo Долна Матка (половина час пешачење); од селото Шишево (1 час).

Од врвот на планината Водно (повеќе од 3 часа). Од градот Скопје е оддалечен 18 километри, а од селото Шишево околу 3 километри. Од спротива на манастирот долу крај езерото има прекрасна глетка на позната црква / Манастир Свети Андреја.

Точниот датум на изградбата на манастирската црква посветена на Свети Никола е непознат. Сепак постои податок дека црквата била изградена или обновена во 1345 година од страна на поп Ненад и други ктитори.

Некои од фреските во манастирот потекнуваат XIV – тиот век.

Доколку сте по пешачењето искористете го првиот сончев ден да го посетите овој преубав манастир опколен со неопислива природна убавина.