Посета на граѓани на Вила Водно во рамки на „Отворен кабинет“

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, Вила Водно, денеска го посетија граѓани во рамки на активноста „Отворен кабинет“.

Посетителите имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Гостите се запознаа и со дел од вработените во кабинетот и беа информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите коишто се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

„Отворен кабинет“ е активност којашто овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет-страница на претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во кабинетот.