Поседувале дрога - Седум лица уапсени во Скопје

МВР вчера и завчера со полни раце работа. Се апсеше на повеќе локации во Скопје за дрога и марихуана. 

-На 14.06.2022 во 19.55 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

- На 15.06.2022 во 02.10 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана

-Исто така вчера, во 00.05 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-На 14.06.2022 во 21.05 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-На 14.06.2022 во 22.50 часот на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 14.06.2022 во 21.30 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода М.И.(37) и М.З.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

По документирање на сите одделни случа против  сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.