Посебна комисија во ЗЕЛС ќе работи на Иницијативата за конфискација за дивоградби

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на вчерашната седница на ЗЕЛС предложи формирање на комисија која ќе работи на преточување на Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во законско решение, а предлогот беше веднаш прифатен.

Герасимовски информира дека пет градоначалници и членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, како и нивни стручни тимови од општината ќе соработуваат со претставници од Министерството за транспорт и врски и Министерството за правда.

-Прифаќањето на предлогот и во истиот момент формирање на комисија е силен показател за потребата за имплементирање за Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во законско решение. Воедно ова покажува колку е голем и сериозен проблемот со бесправното градење и узурпирање и присвојување на државното земјиште во сите општини, во целата држава. Им се заблагодарувам на колегите градоначалници на ЗЕЛС кои даваат силна поддршка за конечно заедно да ставиме крај на неконтролираното градење, кажа Герасимовски.

Целта на преточување на Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во закон има за цел да ги ре-употреби објектите за потребите на граѓаните.

Герасимовски смета дека законско решение за оваа иницијатива би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби.