Посебен сообраќаен режим вечерва во Скопје

Поради натпреварот помеѓу Македонија и Летонија, во дуелот во Лигата на нации, полицијата најави посебен режим на сообраќај околу Арената  „Тодор Проевски“ во Скопје.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска 14.11.2024 (четврток) поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената“, објави МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.