Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

 Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2 декември) СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул „Илинден“ поради најавен протест од приватните превозници кој ќе почне во 6 часот.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул. „8 Септември“  и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.